недеља, 22. фебруар 2015.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

    На 20. февруари 2015 година, петок - во нашето училиште со пригодна свеченост беше одбележан меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
   На свеченоста присуствуваа поред нашите ученици и наставници и гости од други училишта како и претставници од општина Кисела Вода.



              Денес во светот се говори на повеќе од 6000 јазици, а секој од нив е претставник на богата и разновидна култура. Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е убава можност да се проговори не само за важноста на мајчиниот јазик, туку и за важноста од постоење на јазична разновидност. Мајчиниот јазик е исклучително важен за идентитетот на секој народ, тој е негово културно и духовно наследство.
          „Да се зачува сопствениот мајчин јазик значи да се остане верен на духот на своите предци и да се почитува сето она што тие го имаат направено за своето потомство“- рекол големиот Крсте Петков Мисирков.
            На крајот од свеченоста претставничката од Секторот за образование, г-ѓа Елизабета Јаневска им ги додели наградите на авторите на најуспешните творби од претходно реализираните литературен и ликовен конкурс во општина Кисела вода по повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик.