Ученикот Симон Шоклевски од VII-б одд. го освои второто место на јавниот конкурс по повод
Светскиот ден на мајчиниот јазк на тема:
„МОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК Е МОЕТО ПОСТОЕЊЕ, МОЈАТА ИДНИНА“
со следнава творба:
„МОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК Е МОЕТО ПОСТОЕЊЕ, МОЈАТА ИДНИНА“
со следнава творба:
ЖЕЛБА
Имам желба
голема,
роднино моја од
Холандија,
да ти покажам од
каде си,
каде родното
место ти се наоѓа.
Да видиш наши
стари огништа,
да слушнеш кавали
на овчари,
да вкусиш
качамаци и зелници,
да облечеш везени
со срма елеци.
И тогаш ќе
посакаш:
ќе посакаш да
заиграш, оро наше народно,
ќе посакаш да
запееш, песна наша народна,
песна стара
македонска.
За јазикот ќе
прашаш наш,
за тој ѓердан
нанижан,
за јазикот
македонски,
за твојот јазик
мајчински.
А јас ќе ти
одговорам,
чувај го, и ти
негувај го,
на идни
поколенија пренеси го,
тој е наше
минато, сегашност и иднина!
Симон Шоклевски
VII-б одд.
Ментор:
Љупка Мишевска