среда, 15. мај 2013.

„Садница плус“

      Учениците од подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ од населба Пинтија на 13.05.2013 (понеделник) активно се вклучија во кампањата „Садница плус“, во рамки на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
       Учениците засадија желад во една саксија со желба тој да порасне и да биде садник кој ќе се засади во училишниот двор на нашето училиште во акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ која ќе се реализира во месецот септември.
      Најмалите ученици од нашето училиште на своите желади им дадоа име и секојдневно ќе бележат кога ќе израсне нивната садница и ќе стане големо стебло. Со акцијата учениците покажаа почит кон македонскиот даб и македонската шума како вистински ЕКОЛОЗИ.











 

четвртак, 9. мај 2013.

Еко-фестивал на тема: ОТПАД

          Во нашето подрачно основно училиште „Рајко Жинзифов“- н. Пинтија по повод 22Април- Ден на планетата Земја се одржa Еко-фестивал на тема: ОТПАД.
       Учениците од I-V одд. во Работилницата „Го менувам светот“ изработија нови нешта (украси, маски, изработки, креации) од отпадни материјали од хартија, пластика, картони, цедea, капачиња...
           Пишуваа еколошки пораки и создаваа песни и композиции на тема: Екологија.
      Евалуативната активност беше на „Фестивалот на отпадот “ каде што учениците ги покажаа изработките, маските и украсите направени од хартија и пластични ќеси. Следуваше: Концерт со учениците (Оригинални стихови поврзани со отпадот на познати мелодии ).
          Завршната активност беше Еко-ревија на креации направени од отпадни материјали се со цел да се развива еколошката свест кај поединецот за повторна употреба на отпадните материјали.