субота, 17. децембар 2011.

Проектна активност - „Помисливме и на вас“


                               
Проектна активност
(од програмата за Црвениот крст)
 при ЦОУ ,,Рајко Жинзифов,,
н.Драчево –Скопје

Име на проектот   ПОМИСЛИВМЕ И НА ВАС
Одговорен наставник  Татјана Трпеска
Време на реализација    ноември 24.2011г.
Место на реализација  ЦОУ,,Р.Жинзифов,, и СОС Детско село

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ПОСЕТАТА:

·       запознавање со начинот и принципот на работа на СОС Детско село – средба со одговорни лица
·        стекнување на нови сознанија поврзани со социјални семејства (деца) – згрижување на деца и младинци во неавтохтони средини(домови)
·       споредување на условите за живот во една таква средина со живеењето во една вообичаена семејна средина
·       надминување на разликите меѓу учениците
·       соработка на училиштето со останатите вонучилишни установи
·       ширење на нови познанства
·       зголемување на соработката меѓу учениците од различни одделенија
·       промовирање на едно од начелата на нашето училиште за хуманост и солидарност
·       надминување на социјалните разлики меѓу луѓето, меѓуетничките разлики
·       зголемување на соработката со родителите
·       корелација со претходно реализираната проектна активност ,,ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС,,  (16 октомври)
·       развивање на принципот на соработка, исполнителност, прецизност
·       збогатување на меѓусебната соработка во ланецот помеѓу:
ученикот – наставникот - педагошко-психолошката служба - училиштето (институција) - вонучилишните институции – родителите – учениците

      Образовно-корисна работа

            Изготвување на илустративна книга, ѕиден весник, хамер, истакнување на учесници на проектот на видно место со цел мотивирање на останатите ученици при обележување на слични вакви активности.

Објект - место на реализација:   

 ЦОУ Рајко Жинзифов н.Драчево – Скопје   и СОС Детско село











                    ЦРВЕН КРСТ при ЦОУ ,,Рајко Жинзивов,, - н.Драчево