петак, 6. март 2026.

Едукативно предавање за учениците од второ одделение за сообраќај

Денес во нашето училиште централно и подрачно не посетија сообраќајни полицајци кои одржаа едукативно предавање за учениците од второ одделение.
Преку интересно предавање и разговор, учениците се запознаа со основните правила во сообраќајот-како правилно да преминуваат улица, како да се однесуваат како пешаци и колку е важно да се почитуваат сообраќајните знаци. Учениците со големо внимание слушаа, поставуваа прашања и активно учествуваа во разговорот.
Им благодариме на сообраќајните полицајци за нивната посета и одвоеното време.

Актив на второ одделение





Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.