По повод патрониот празник на училиштето, учениците од второ одделение учествуваа во спортски игри организирани од наставникот Jovica Eftovski во соработка со тан-дем наставниците Билјана Петровска,Vesna Gocevska Milanovska и Manuela Markoska Преку игра, дружење и тимска работа, децата ја покажаа својата енергија, спортски дух и радост.“
По повод патрониот празник на училиштето на часот по физичко и здравствено образование се организираа спортски игри со наставникот Zoran Zoran Petkovski и тандем наставниците со учениците од I до IV одделение
По повод одбележувањето на Патрониот празник на нашето училиште, беа организирани и успешно реализирани спортски натпревари со учениците од нашето училиште.
Во натпреварите учествуваа ученици од повеќе паралелки, кои беа поделени во екипи. Натпреварите се одвиваа во позитивна и фер атмосфера, а учениците покажаа голем интерес, спортски дух и почитување на правилата на играта.
Наставниците по Физичко и здравствено образование Никола Соколовски и Кирил Атанасовски и тандем наставничките ја координираа организацијата и текот на натпреварите, водејќи грижа за безбедноста на учениците и правилното спроведување на спортските активности.
Сите учесници покажаа одлична мотивираност, соработка и спортско однесување.
Со реализирањето на овие активности, учениците имаа можност активно да го одбележат патрониот празник на училиштето преку спорт, дружење и позитивна натпреварувачка атмосфера.





Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.