На ден 26.02 во нашето училиште се одржа едукативна презентација од страна на претставници на СВР Скопје на тема “Безбедноста на учесниците во сообраќајот”. Презентацијата имаше за цел да ја подигне свеста кај учениците за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за одговорното однесување на сите учесници во сообраќајот - пешаци, велосипедисти и возачи.
Претставниците на СВР Скопје преку проект презентации објаснија како невниманието, користењето мобилен телефон при возење, непочитувањето на сообраќајната сигнализација и пребрзото возење можат да доведата до сериозни последици.
Учениците имаа можност да поставуваат прашања и активно да учествуваат во дискусијата. Посебен акцент беше ставен на безбедното преминување улица, користењето заштитна опрема при возење велосипед или тротинет, како и важноста од користење сигурносен појас.
Презентацијата беше проследена со едукативни материјали и совети кои ќе им помогнат на младите да развијат сообраќајна култура и чувство на одговорност. Ваквите активности се од големо значење за градење безбедна средина и намалување на сообраќајните незгоди.
Нашето училиште и понатаму ќе продолжи да соработува со надлежните институции со цел едукација и заштита на учениците.
Одговорни наставници
Никола Соколовски
Кирил Атанасовски
Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.