субота, 18. октобар 2025.

Едукативна обука организирана од НВО САНОтема:„Сите сме тука, заедно – Развивање на емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување во здравствени установи или на домашно лекување“

Денес , на 17.10. 2025 учениците од  Vб и  IVг одделение имаа можност  да учествуваат во едукативна обука организирана од НВО САНО, со поддршка на Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на тема:„Сите сме тука, заедно – Развивање на  емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување во здравствени установи или на домашно лекување“.Преку оваа обука кај  учениците се поттикна развивање на социо-емоционални  вештини и градење на култура на прифаќање и поддршка .Учениците  имаа можност да зборуваат што значат пријателството, грижата и разбирањето за соученици кои се на лекување и како сите заедно можат да понудат поддршка.На учениците им беше објаснето што претставува канцер, дека не е заразен и зошто е важно разбирањето и охрабрувањето. .Учениците гледаа краток анимиран филм кој метафорично ја прикажува борбата со болеста.и дека љубовта и подршката се многу важни за полесно надминување на болеста.Учениците  научија  правила за прифаќање, охрабрување и вклучување на соученик кој е на лекување. На крајотна обуката, учениците добија насоки креативно да изразат поддршка преку цртеж, порака, песна или честитка.



Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.